Тим од професори и асистенти реализираше промотивни активности во СОУ „Јосип Броз Тито” во Битола. Во текот на интерактивната презентацијата беа потенцирани предностите на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје. Најголем интерес матурантите покажаа за методологијата на студирање, примената на дигиталната технологија во процесот на учрње, ескпертските предавања, организацијата и спроведувањето на задолжителната пракса и изведувањето на наставно-научните практикуми, програмата за академска мобилност Еразмус+, современите логистички услови за студирање, како и поединечните специфики на наставните програми на секој факултет.
