Вчера, на 29.4.2023 година, професори и студенти од Универзитетот Сингидунум од Белград, Република Србија го посетија Универзитетот Скопје. Посетата се реализираше во рамките на долгогодишната соработка помеѓу двете институции. На присутните професори и студенти им се обрати д-р Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија. Од името на Универзитет Скопје гостите ги поздрави проф. д-р Дејан Наковски, кој ја истакна важноста од соработката на двата универзитета и ја претстави методологијата на работа на Универзитетот Скопје.
