Општина Арачиново е уште една од општините со која Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент проф. д-р Аце Миленковски потпиша меморандум за соработка, со цел обезбедување на поддршка во развојот на образованието и науката во Република Македонија. Преку Фондот за стипендирање „Проф. д-р Љубе Миленковски“, на Градоначалникот Ридван Ибраими му беа додели петнаесет стипендии.
