Ректорот на Универзитетот за туризмот и менаџмент Скопје, проф. д-р Аце Миленковски и Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски потпишаа Меморандум за соработка.
Со овој Меморандум се склучува рамката во која ќе се реализира соработката помеѓу УТМС и Општината Македонска Каменица со цел за унапредување на едукативните, истражувачките и професионалните активности во областите од заеднички и општ интерес.
Соработката ја отпочнуваме со доделување на петнаесет стипендии за додипломски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент со кои ќе располага самата општина.
