Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент проф. д-р Аце Миленковски и Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски во просториите на општината потпишаа меморандум за деловна соработка.
Со цел да обезбеди поддршка и помош во развојот на образованието и науката на Република Македонија, Ректорот Аце Миленковски преку Фондот за стипендирање „Проф. д-р Љубе Миленковски“, додели петнаесет стипендии на Општина Новаци.
