Во рамките на деловната политика за градење партнерски однос со заедницата, Универзитетот за туризам и менаџмент потпиша меморандум за соработка со Општина Свети Николе.
Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент проф. д-р Аце Миленковски и Градоначалникот на Општина Свети Николе Дејан Владев дискутираа за сите можни соработки за доброто на сите граѓани на општината а посебно за младината во која е и иднината. Во таа чест од страна на Универзитетот беа дадени петнаесет стипендии за додипломски студии за младите во Општина Свети Николе.
