Студентскиот караван на Универзитетот Скопје денес ги посети матурантите од СУГС „Панче Арсовски” и СУГС „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје. И овој пат вниманието на идните академски граѓани им го привлече нашата методологија на работа, која ја интегрира практичната работа со студирањето. Нашите наставно-научни практикуми и проекти во рамките на програмата Еразмус им овозможуваат на нашите студенти да стекнат меѓународно искуство во професијата што ја избрале. Тие можат да се вклучат и во деловните активности на Универзитетот и од прва рака да искусат што значи да се работи во високопрофесионална средина со вистински професионалци!
На нашите домаќини денеска им порачавме да ни се придружат и да учат од најдобрите!
